Why B&D

Зошто БАТО & ДИВАЈН?

Ова е почетокот на нешто несекојдневно, бидејќи ќе станете дел од динамична приказна во која аспирацијата за достигнување неверојатни нешта е основниот двигател.

Нашиот тим, благодарение на посветеноста, страста и талентот никогаш не застанува пред невозможното. Секогаш точно ги знаат желбите и потребите на клиентите, дури и пред истите тоа да го побараат. Токму затоа ги привлекуваме оние кои веруваат дека “не” е предизвик, а не одговор.

Вработуваме извонредни карактери и инвестираме во нивниот професионален развој и надградување, за најмалку цел живот. Оттука, доколку сакате да аплицирате за вработување или пракса во нашата компанија, прво разгледајте што сé правиме тука. Потоа, замислете си што би работеле кај нас кога би му се придружиле на тимот. А, за да ни се придружите можете да ја пополните online апликацијата во рамки на web страната или да пребарате низ актуелните огласи во делот „Можности за вработување”.

Заедно, ќе постигнеме совршенство.
Добрeдојдовте во БАТО & ДИВАЈН!