Персонализирани комуникациски решенија изработени со брзина на еден клик
Персонализирани сметки, изводи и извештаи, волуменски материјали за директна достава, сите видови на трансакциски и даночни документи – за сé што нашите клиенти сакаат да проследат до своите корисници, ние сме тука да одговориме со брза и безбедна, ефикасна и исплатлива, прецизна и навремена изработка со секогаш беспрекорен квалитет.
Со употреба на нашите специјализирани billing системи, врвна мејлинг опрема и доверлив и посветен персонал, нашите клиенти се секогаш чекор пред конкуренцијата.
Одделно конфигурираниот billing оддел нуди безгранични можности за ефективно и ефикасно исполнување на секое индивидуално барање од клиентите преку:
- 3 KERN и 1 NEOPOST машини за ковертирање со дневнен капацитет на повеќе од 160.000 ковертирани писма
- 10 NASUATEC ласерски печатари за брза персонализација и капацитет за изработка на повеќе од 2.000.000 меморандуми дневно
- Прилагодлив софтвер за следење и вчитување на OCR / Data Matrix / бар кодови
- Квалификуванa техничкa поддршка расположлива 24/7
- 24/7 напреден систем за безбедност и надгледување
- Одделни протоколи за заштита на сопственоста и податоците на клиентот во согласност со законските регулативи
Клучните играчи во областа на телекомуникациите, банкарството, јавните и комунални услуги ни ја имаат доверено изработката на својот billing кој е од суштинско значење за нивниот бизнис. Со унапредена перформанса во справување со милијарди billing документи секоја година, ги штедиме буџетите на нашите клиенти при исполнување на нивните барања и надминување на очекувањата.