Безбедноста и интегритетот на клиентите во сржта на секој наш потфат
Заштита на производите на нашите клиенти од копирање, фалсификување и репродуцирање е она за што сме специјализирани.
Посветени на континуирано истражување, анализи за ризици, развој и изработка на напредни решенија за безбедносен печат и автентизирање, гарантираме дека производите на нашите клиенти се доверени во најсигурни раце.
Осигурувајќи нашите клиенти секогаш на време да го добиваат токму она што им е потребно, осмислуваме и имплементираме најразлични, посебно дизајнирани и уникатно интегрирани, целосни печатарски решенија за сите сегменти од индустријата за безбедност на производи.
Нудиме единствени решенија за автентикација на производите, најсовремени технолошки солуции за безбедносен печат, напредни видливи и невидливи карактеристики за заштита, сите воведени за да спречат потенцијални злоупотреби во многу засегнати сфери, како што се:
- Тутунска индустрија
- Индустрија за алкохолни пијалоци
- Фармацевтска индустрија
- Документи и хартии од вредност
- Државни институции
- Банкарство и финансиски институции
- Производи за широка потрошувачка, итн.
Горди сме на долгогодишните релации градени со клиентите, кои ни ја имаат нам доверено нивната безбедност, што придонесе за обликување на нашето производство, техничка експертиза и конфигурација на решенијата за безбедносен печат до совршенство.
Имајќи ја секогаш безбедноста на сопственоста на клиентите во примарен фокус, сите фази од целиот производствен процес се под постојан 24/7 надзор и заштита, надополнети со високо квалификувани кадри за безбедност и мониторинг, електронски обезбедени и контролирани пристапи, посебни безбедносни протоколи и заштитени зони, во согласност со компаниската политика и барања од ISO системите за управување.