Privacy policy

Политика за приватност

БАТО & ДИВАЈН ја почитува приватноста на вашите информации. Во политиката за приватност е објаснето како, на кој начин и кои податоци се собираат од страна на Бато & Дивајн во текот на вашата посета на нашата web страна. Со доставата на било кои ваши лични податоци до нас или со користењето на нашите услуги и прелистувањето на web страната, се согласувате на сé што е утврдено во оваа политика, во однос на понатамошното користење на личните податоци кои се собираат.
Го задржуваме правото за измена на политиката за приватност согласно измените кои би можеле да настапат во нашето работење, web страната или легислативата. Поради тоа, препорачливо е при посетата на web страната да ја прелистате и Политиката за приватност, за да се осигурате дека сте запознаени со условите.

 

Собирање и обработка на лични податоци

Поради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата web страна, web серверот привремено го регистрира вашиот домен, пребарувач и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата одн. посетата на web страната. Исто така, во одредени случаи може да бидат запишани информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на web страната согласно вашите потреби и преференции. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени единствено за потребите на web услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. При вашата посета на web страната на Бато & Дивајн нема да вршиме собирање на лични податоци, освен во случаи кога истите се задолжителни или доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки или барања за информации. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на web страната се обработуваат согласно правните прописи на Р. Македонија.

Користење и пренос на лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги користиме единствено заради техничко администрирање на web страната и за задоволување на вашите потреби и барања. Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг единствено врз основа на ваша претходнo дадена согласнот за користење и само во обем неопходен за секој конкретен случај. Податоците нема да бидат проследувани до државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа.


Личните податоци, доброволно оставени од ваша страна, пример: име, презиме, компанија, поштенска адреса, контакт телефонски број и е-mail, се прибираат и употребуваат со цел да се исполнат вашите барања и/или вашата направена електронска, online нарачка на производи и услуги кои ги овозможуваме. Овие информации ќе се користат единствено за исполнување на вашите барања и реализирање на нарачките. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот, не подолго од пропишаниот законски рок, согласно утврдените законски прописи на Р. Македонија.

Слобода на информирање

На ваше писмено барање, Бато & Дивајн може да ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).


Безбедност

Ги имаме преземено сите пропишани технички и оперативни мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите процедури за безбедност се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

E-нарачки

Бато & Дивајн овозможува за своите клиенти online нарачки со користење на сервисот e-продавница во рамки на нашата web страна. Електронското плаќање за направените online нарачки е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата.

При реализација на eлектронските, online нарачки податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката, преку шифрирана врска. Бато & Дивајн ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците гарантира банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Постапката за online нарачки со користење на сервисот e-продавница во рамки на нашата web страна се одвива на следниот начин:

  1. Со пристапување на секцијата за електронски, online нарачки, купувачот е потребно да се регистрира, односно да креира свој бесплатен кориснички профил, за да ги разгледува понудените производи и услуги од кои ги избира оние кои сака да ги нарача и плати со својата картичка преку нашата web страна.
  2. Откако купувачот ќе го направи изборот на производите и/или услугите кои ги нарачува, купувачот се пренасочува (редиректира) на заштитена web страна на трансакторот (процесинг центарот сертифициран за електронска трговија од страна на платежните компании VISA и MASTERCARD) за да се пристапи кон реализација на плаќањето.
  3. За да може да се реализира интернет плаќањето во рамки на web страната на трансакторот (процесинг центарот), купувачот е неопходно да ги внесе следните податоци: бројот на платежната картичка, CVV2/CVC2 кодот за верификација на картичката (последните 3 бројки на задната страна на картичката), датум на истекување на картичката (expiry date).
  4. Откако ќе се комплетира обработката на трансакцијата, купувачот се пренасочува на web страната на Бато & Дивајн, каде се информира за успешното или неуспешното извршување на трансакцијата.
  5. На тој начин Бато & Дивајн нема дополнителна одговорност за чување на доверливи податоци за платежната картичка.

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на Бато & Дивајн. Поради тоа при креирањето на вашиот кориснички профил, вашата лозинка треба да ви биде позната единствено вам. Препорачливо е користење на комплексни лозинки со употреба на броеви, букви и специјални знаци. Особено e важно да не ја откривате никому вашата лозинка. Доколку изгубите врз лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во ваше име. Доколку вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нé и сменете ја лозинката.

Доколку не се согласувате со условите дефинирани во политиката, можете да не присапите или да ја напуштите постапката за online нарачка на производи и услуги додека сте во рамките на нашата web страна.

Контакт

Доколку сакате вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нé контактирате на batodivajn@batodivajn.com. Притоа, вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.