1. Дизајн и подготовка

    Несопирлива страст за нови идеи

    Денес кога клиентите и потрошувачите се во потрага по совршенство, веруваме дека воодушевувачките резултати водат кон континуирани побарувања.

    Водени од пазарните потреби и најновите трендови за дизајн, светот на безграничните идеи станува реалност кога е преточен во уникатно дизајнирани печатени производи.

    Орктијте ја магијата во печатењето…

    Повеќе
  2. Печатење

    Светот се движи брзо. Поради тоа ние треба да се движиме уште побрзо.

    Долгогодишното искуство, високо-технолошката конфигурација и унапреден know-how во печатарската индустрија, се нашата основа за реализација и на најспецифичните предизвици во изработката на краен производ кој воодушевува и ги надминува очекувањата.

    Континуираното инвестирање во врвната печатарска технологија на германските производители Heidelberg и Roland и примената на најновите индустриски достигнувања, ни овозможуваат конзистентно висок квалитет и брзина во подеднаква мерка.

    Повеќе
  3. Доработка

    Синергија во остварување на вашите соништа

    Последната алка од производствениот процес, пред навремената испорака на печатени производи до нашите клиенти.

    Долгогодишното искуство во сегментот, умешно надополнето со големиот избор на машини за доработка од светски реномирани производители, овозможува комплетна покриеност на сите фази од процесот и достигнување исклучителни резултати.

    За секој предизвик, од наједноставна до најимпресивна доработка и сé помеѓу, ние сме тука, сé да направиме да биде возможно на најефикасен и одговорен начин.

    Повеќе
  4. Безбедносен печат

    Безбедноста и интегритетот на клиентите во сржта на секој наш потфат

    Заштита на производите на нашите клиенти од копирање, фалсификување и репродуцирање е она за што сме специјализирани.
    Посветени на континуирано истражување, анализи за ризици, развој и изработка на напредни решенија за безбедносен печат и автентизирање, гарантираме дека производите на нашите клиенти се доверени во најсигурни раце.

    Повеќе
  5. Billing решенија

    Персонализирани комуникациски решенија изработени со брзина на еден клик

    Персонализирани сметки, изводи и извештаи, волуменски материјали за директна достава, сите видови на трансакциски и даночни документи – за сé што нашите клиенти сакаат да проследат до своите корисници, ние сме тука да одговориме со брза и безбедна, ефикасна и исплатлива, прецизна и навремена изработка со секогаш беспрекорен квалитет.

    Со употреба на нашите специјализирани billing системи, врвна мејлинг опрема и доверлив и посветен персонал, нашите клиенти се секогаш чекор пред конкуренцијата.

    Повеќе

Новости

  • 05.02.2019

    Разгледајте го нашиот е-каталог

    Разгледајте го нашиот е-каталог на следниот линк -> http://bit.ly/bdcatalog И откријте дел од новитете на печатени производи за 2019 год.
    more »

  • 01.01.2019

    БАТО & ДИВАЈН горд спонзор на MotoGP сезона

    MotoGP е врвно случување во светот на мото трките од интернационален карактер. Препознатлив натпревар во светски рамки познат по плеадата ненадминати возачи, внимателно избрани меѓународни брендови како спонзори, привлекувајќи огромен број посетители со години наназад. Огромна чест е што БАТО & ДИВАЈН рамо до рамо со светски брендови е спонзор на еден од MotoGP тимовите оваа сезона.
    more »

  • 01.01.2019

    Посетете ја KARMAPIX.com - нашата е-продавница за персонализирани подароци

    За прв пат во Македонија можете сами да креирате свои персонализирани фото подароци на еден клик и за помалку од 10 минути. Започете сега, направете го совршениот подарок на https://KARMAPIX.com
    more »